Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

Од:

Потрагата по телото на двегодишната Данка Илиќ од Бор продолжува, полицијата и жандармеријата го пребаруваат просторот од селото Злот до селото Шумраковац каде има неколку депонии и резервоари со вода.

Еден од осомничените за убиството на сослушувањето признал дека го преместил телото, што ја отежнува работата на полицијата.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција (УКП) од Белград и Бор интензивно работат на пронаоѓање на телото на Данка и утврдување на сите факти и околности поврзани со овој случај, а во потрагата од Злот до Шумраковац се вклучиле и 50 припадници на Жандармеријата.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март на семејниот имот.

По 10-дневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации, полицијата уапсила двајца 50-годишни мажи од Бор, осомничени за убиство, кои биле спроведени на распит во Вишото јавно обвинителство Заечар, а им била одредена мерка притвор до 30 дена. Тие се товарат за кривично дело тешко убиство во соизвршителство.

Би можело да ве интересира

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка

Oсомничените за смртта на Данка може да се спасат од „тешки“ казни

Горан Наумовски

Нови детали за малата Данка: Нејзината ДНК не е пронајдена на автомобилот со кој била удрена

Таткото на Данка: Нашето најмило малечко, денес требаше да ја дуваме свеќата за твојот втор роденден

Горан Наумовски