Кошаркарите на Мајами славеа убедливо против Индијана со 115:83 во петтиот меч од полуфиналната серија на Истокот во НБа лигата за предност од 3-2 во серијата.
Најдобар кај Мајами беше Леброн Џејмс со 30 поени, 10 скока и осум асистенции, а Двен Вејд заврши со 28 поени и пукната аркада.
Кај Пејсесри кои го одиграа најлошиот натпревар во плејоф серијата од 2005-та наваму со само 30 уфрлени од 89 обиди од игра најефикасен Пол Џорџ со 11 поени, а по 10 додадоа Дејвид Вест и Дени Гренџер кои прерано го напуштија паркетот поради повреди и неизвеснои е дали двоецот ќе биде подготвен за натпреварот во петок изутрина во Индијанаполис.