Ја слушнав вчера најновата навреда на Стево, охрабрен, осилен, а во суштина исплашен како глувче мало и вели на професорката која за него е величина голема како Монт Еверест на Хималаите и недостасувало ГПС. Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на претседателската кампања.
Мицкоски му порача на Пендаровски дека после избори и тешкиот пораз ниту ГПС нема да го пронајде.
– Јас ќе му порачам да си го зачува ГПС бидејќи ќе му треба после изборот кој ќе му се случи најпрво на 24 април, а после тоа на 8 мај ќе не знае главата каде му е, нека си го чува ГПС-от барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека Пендаровски се фалел дека изминатите 5 години не крадел, но го праша да каже како ја финансира неговата кампања, посочувајќи му дека во РЕК Осломеј се испорачуваат услуги три пати поскапи, дел од тие пари завршуваат во приватни џебови, а дел за финансирање на претседателската кампања на Пендаровски.
-Она што е главна карактеристика со која што Стево се гордее и вели на полупразните плоштади вели барем не крадев, тоа било главна карактеристика и главен успех изминатите 5 години на Стево Пендаровски. И тука се поставува едно клучно суштинско прашање, добро Стево еве да те разбереме дека не си крадел, но со какви пари ти се финансира Стево кампањата за претседателските избори, вели Мицкоски и додаде:
– Еве јас ќе ти дадам одговор за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј по три пати поскапи цени се испорачуваат услуги таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски.
Фридом хаус со шамар за ДУИ и СДСМ и лицето кое збор не кажа и нема храброст да зуцне против нив, затоа што очекува поддршка од нив за претседателската трка, туристот Стево, додека Стево се прави Мајка Тереза му стигна одговор од американската Фридом хаус и го потсетија дека е дел од корумпиран систем, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека Пендаровски е лице и опачина од една иста горчлива приказна.
– И така некако Пендаровски цел свој мандат ќе остане запаметен како човек без свое јас. Ќе ве потсетам освен тоа што ги аминуваше сите штетни договори на двоецот ДУИ – СДСМ по кои две работи ќе остане Стево запаметен. Првата работа, дека Гоце Делчев бил Бугарин и втората, дека ако не бил претседател и тој ќе се иселел од Македонија ајде да му помогнеме на 24 април да почне со пакување на куферите, а потоа на 8 мај слободно нека се сели, му порача Мицкоски на Пендаровски.
Мицкоски укажа дека актуелниот претседател Пендаровски во суштина е кукавица иако како што рече се пенави.
– Го слушам Стево пред некој ден во град на границата со нашиот источен сосед се пенави, излегува храбро, а во суштина е кукавица пред тие малкумина кои се уште му аплаудираат. Им вели се сеќавате во 2019 што ви кажав дека ќе победиме, и така им вели, и сега ако не победиме првиот круг очи не сакам да ви видам. Тоа е Стево полтронот, измеќарот на Али Ахмети и останатите. Зарем тој човек ја заслужува народната волја, праша Мицкоски.
Мицкоски посочи дека имајќи го предвид ова треба да се гласа за Силјановска Давкова, затоа што на Македонија и треба претседател, а не измеќар.
– Затоа потребно е масовно да се излезе и да се гласа за професорката Гордана Силјановска Давкова која е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, и таа до крај се бори за него, затоа што верува во него. Гордана Силјановска Давкова покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу ги газеше оваа власт. На Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ, кажа Мицкоски.