Го гледам денеска Филипче од Гевгелија, ќе отидам утре таму да видиме што тој кажал на гевгеличани, а што јас ќе кажам и каков ќе е приемот. Го гледам таму вели сум водел црна кампања против него, нити јас, нити ВМРО-ДПМНЕ, нити црна нити бела кампања водиме, ние само поставуваме прашање затоа што кога сте во политиката, особено кога ќе решите да се враќате во политиката мора да одговорите на прашањето, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш.
Потпретседателот Николоски продолжи и постави 5 прашања до Венко Филипче.
„Прво каква е неговата улога во модуларната болница Тетово и 14 згаснати животи? Второ, што има со бизнисменот од Албанија што ја доби стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија? Трето, какво е неговото влијание врз еден сопственик на приватна болница истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија? Четврто, колку провизија зеде од компанијата за трговија со јужно овошје, колку провизија зеде од компанијата „Стабри“ од Хонг Конг за вакцините кои никогаш не стигнаа во Македонија? И петтата работа каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и скандалот во Онкологија каде болни од рак за жал не ја добиваа терапијата со цел некој да полни приватни џебови?“, запраша Николоски.
Потпретседателот Николоски додека Филипче тераше себе промоција во јавноста, 109 семејства во Радовиш се зацрнеа за време на корона кризата.
„Дополнително тука од Радовиш сакам да го прашам дали кога со пи-ар агенцијата „Рејтинг“ си го договара сопствениот пи-ар и себе промоција и договара како да плаќа по 100 евра по напишан текст за него само денеска потрошија 1,800 евра за 18 текста кој излегоа за него. Не го гризе ли малце совеста за периодот на 2020-2021 година кога градеше личен рејтинг во време на корона кризата, а луѓе умираа. Додека тој држеше прес конференции во кои се себе промовираше, само во Радовиш 109 луѓе го изгубија животот, 109 семејства се зацрнија, нели го гризе малце совеста за оваа работа затоа што додека правеше себе промоција луѓе во супстандардни услови со никаква помош го губеа животот, а Македонија последна доби вакцини“, посочи Николоски.