Спречен терористички напад во Германија

Од:

Германската полиција приведе лице во Хале под сомнение дека подготвувало терористички напад со екстремно десничарско потекло, објавија денеска германските медиуми.

Државното обвинителство соопшти дека 36-годишниот осомничен бил уапсен викендов откако во пијана состојба од станбена зграда извикувал расистички пароли и се заканувал со оружје, објави германскиот јавен сервис МДР.

При апсењето била пронајдена експлозивна направа која била подготвена за употреба.

Истрагата за мотивот е во тек, а осомничениот е во притвор.

Обвинителот Денис Чернота изјави дека при претресот на станот на осомничениот полицијата пронашла докази дека 36-годишниот Германец ги презира луѓето кои не се вклопуваат во неговиот светоглед.

Инспекторите претпоставуваат дека животната средина на човекот не била лесна бидејќи има неколку жаришта на криминал во Хале, вклучувајќи ја и областа Шлосерштрасе. Жителите за телевизијата изјавија дека има тензии во населбата каде што живеат Африканци.

Инспекторите се сомневаат и дека 36-годишниот маж сам направил експлозивна направа за да повреди и убива луѓе. 36-годишникот беше уапсен минатата сабота и е во притвор.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија