Управата за криминалистички работи и полицијата, поделени во групи, денеска ги пребаруваат ридовите, сè до Злотска река.
Тие исто така ги пребаруваат сите фарми, полиња и ридови.
Потрагата по телото на Данка Илиќ влезе во шести ден, а во оваа прилика се огласи државниот секретар во МВР Жељко Бркиќ кој додаде дека се посетуваат сите места во Бањско Поле и неговата околина со цел што поскоро да го најде телото на девојчето. Интензивно се пребарува и подрачјето на Лазарев Кањон, Злотска Река и Лазаревата пештера.