Иницијатива за смена на белградскиот градоначалник

Од:

Српската напредна партија (СНП) на првиот вице-премиер Александар Вучиќ и Демократската партија на Србија (ДСС) на Воислав Коштуница денеска до градското Собрание на Белград ќе достават иницијатива за смена на белградскиот градоначалник Драган Ѓилас, објави весникот „Политика“.

Шефот на одборничката група на СНС во Собранието на Белград, Александар Јовиќ изјави дека иницијативата за смена на Ѓилас е во согласност со Статутот на Градот и се базира на „аргументите за нерационално трошење на парите на белграѓани, на огромната презадолженост и на доведувањето на јавните претпријатија до финансиски колапс“.

Ѓилас, кој е лидер на најголемата опозициска партија во Србија – Демократската партија (ДС), во Белград управува во коалиција со Социјалистичката партија на Србија (СПС), која пак на државно ниво е дел од коалициската Влада предводена од СНС.

dragan-djilas

Потпретседателот на СПС, Бранко Ружиќ вчера најави дека социјалистите за прашањето за смената на Ѓилас ќе разговараат со СНС, по што за два до три дена ќе се знае дали во Белград ќе има промена на власта или нови избори за Градското собрание.

Ѓилас минатата недела изјави дека ДС не се плаши од нови избори „ниту во Белград, ниту во кој било друг град“.

ДС пак најави дека ќе ги повика граѓаните на мирен протест пред Собранието на Град Белград, доколку биде покрената иницијатива за смена на Ѓилас.

За утре е закажана сединца на белградското Собрание посветена на состојбите во Градот, на која би можела да се најде и иницијативата за смена на Ѓилас.

Во градското Собрание на Белград коалицијата на ДС има 50 одборници, СНС 37, СПС и нејзиниот коалициски партнер Партијата на обединетите пензионери на Србија (ПУПС) 13 и ДСС 10 мандати.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ