Далибор Драгијевиќ (40), кој синоќа почина во полициската станица во Бор, признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ, дознава „Блиц“.
Tој вчера ја водел полицијата на неколку локации, но телото на Данка Илиќ не било пронајдено на ниту една од нив.
Далибор Драгијевиќ (40) од Бор во саботата доби притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека му помогнал на својот брат Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
На Далибор Драгијевиќ му се слошило во раните утрински часови и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да реанимација, тој починал во 3.10 часот, а лекарот судски вештак констатирал природна смрт.