СДСМ: ДПМНЕ нема план за иднината, изолирана е во својот став против ЕУ

Од:

Мицкоски и ДПМНЕ немаат план за иднината на државата и досега немаат ниту една порака за граѓаните во кампањата. Тоа е јасно како бел ден, особено по телевизискиот дуел во којшто Ковачевски доминираше, но и во јавните настапи. Мицкоски и ДПМНЕ би сакале изборот пред граѓаните да биде за ништо. Затоа фабрикуваат лажни информации, зборуваат за кампањата на СДСМ, испраќаат агресивни и празни пораки, се вели во реакцијата на СДСМ.

– Досега ништо за нив и нивната понуда пред граѓаните немаат кажано. Почетокот на кампањата за претседателските избори потврди и дека ДПМНЕ остануваат изолирани во својот став против ЕУ. Дури и политичките партии од албанскиот опозициски блок одлуките за членство во ЕУ ги поставуваат како услов за коалицирање по изборите.

Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ со 2030 година. Како и план за реализација на програмата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, за просечна плата од 1.100 евра, минимална плата од 600 евра, минимална пензија од 20.000 денари, просечна пензија од 30.000, за реформи во правосудството и многу други мерки за граѓаните. Изборот пред граѓаните на овие избори е јасен, надеж со СДСМ и безнадежност со ДПМНЕ, европска интеграција со Ковачевски и Пендаровски или изолација со Мицкоски и Силјановска – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски