Во просториите на ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде отворен Саемот на книги поддржани од програмата Култура 2007- 2013 на ЕУ, што ќе трае до 29 сепетември.
Саемот претставува проширен концепт на промоција на проектите за книжевни преводи поддржани од програмата Култура на ЕУ која Министерството за култура и Делегацијата на Европската унија во Скопје ја започнаа минатата година.
Во рамките на саемот, ќе се одржат литературни читања и дискуии на кои ќе учествуваат еминентни автори од регионот, меѓу кои и: босанската писателка Мелина Камериќ, унгарскиот писател Ѓерѓ Конрад, словенечкиот писател Душан Чатер, српскиот издавач Дејан Илиќ, како и двајцата добитници на Наградата за современа литература на ЕУ во 2011 година: Ирен Ниг од Линхеншајн и Родан Галиди од Холандија.
За време на настанот, во ЕУ Инфо центарот во Скопје, ќе бидат изложени книгите на дванаесетте издавачки куќи преведени и публикувани со поддршка на програмата Култура на ЕУ и Министерството за култура: Или Или, Три, Магор, Темплум, Вермилион, Профуднум, Бегемот, Блесок, Вермилион, Каприкорнус, Евроблакан, Сигмапрес.
Саемот е во организација на Министерството за култура на Република Македонија и Одделението Културно-контактна точка (ККТ) при Секторот за евроинтеграции, во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, амбасадите на Кралството Холандија и на Република Унгарија во Скопје.