Уште почетокот на кампањата покажува дека народот сака промени, затоа што вистината е тажна, се повеќе луѓе се обидуваат среќата да ја најдат надвор од Македонија, се чувствуваат обесправени, ограбени, велат дека нема ред и систем, а тоа е резултат на 7 годишно владеење на СДС и ДУИ, царување на криминал и корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешниот митинг во Кавадарци.
Николоски истакна воедно тажната вистина е дека од првите пет функции во Македонија 4 се од ДУИ, и помал проблем е што овие функции се членови на ДУИ, поголемиот проблем е дека ги користат за рушење на темелите на Македонија, за обезличување на Македонија и за ограбување, а СДС тоа им го дозволува со цел да ги оставаат да крадат.
– Има такви примери, еден е во близина ТЕЦ Неготино каде СДС и ДУИ заеднички крадеа од скапите набавки на мазут и им кажувам дека одговорност ќе има после избори. Затоа треба да се обединиме, потребна е голема излезност и на 24 април и на 5 мај, заеднички да ги направиме промените во Македонија, рече Николоски.
Николоски додаде дека Пендаровски обожува да се претставува скромен и дека не знае што се случува, но запраша каков е тој чесен кој ни збор не рече за ниедна афера на СДС и ДУИ.
– Каков е тој скромен и чесен кој дозволуваа пред негови очи да се ограбува државата, каков е тој чесен кој ги потпиша измените на Кривичен законик со кој се дозволи амнестија за криминалци и каков е тој скромен и чесен чија кампања е финансирана од крадени народни пари? – прашува Николоски.
Николоски нагласи дека токму заради ова Пендаровски ќе биде казнет, промените ќе се случат во Македонија, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова со огромна победа.