(ВИДЕО) Мицкоски: Пендаровски треба да се засрами зошто освен тоа што до последно му се додворуваше на ДУИ и е безличен како вазна, значи човек не може да каже ни дека е фикус

Од:

Овие избори се и шанса за избор на Претседател каков Македонија вистински заслужува. Овој што сега го имаме е човек кој за себе вели дека доколку не е претседател сам ќе си заминел од државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното обраќање пред присутните на митингот во Неготино во рамките на изборната кампања за избор на претседател на Македонија.

Мицкоски посочи дека се уште актуелниот претседател, Стево Пендаровски ќе остане запаметен по тоа што, тој е коментатор кој коментира состојби кои се случиле, а никако да преземе нешто за да ги промени околностите.

„Треба да се засрами зошто покрај тоа што до последно му се додворуваше на ДУИ и му потпишуваше закони, освен што е безличен како вазна, значи човек не може да каже ни дека е фикус, одозгора дели лекции по историја. Не беше одамна кога кажа дека Гоце Делчев се осеќал Бугарин. А сега ни кажува за иднината како човекот да не е во политика, да не е претседател, како одново да се измислува себе си, како да има подвоеност“, рече Мицкоски.

И затоа, додаде Мицкоски, сосема е погрешно неговото удирање во гради кога вели дека го зачувал јазикот, го одбранил идентитетот.

„Тоа подразбира, браќа и сестри, дека тој јавно признава дека истите тие, и јазикот и идентитетот биле нападнати, нешто што го премолчуваа тогаш кога не убедуваа дека францускиот предлог и претходно бугарскиот договор се најпрекрасни и најдобри на целиот свет. Како го зачувал идентитетот кога самиот напаѓа и измислува дека Гоце Делчев бил Бугарин? Ништо не зачувал Стево, ниту идентитет, ниту пак јазик“, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Мицкоски е политичар кој ја има изградено својата кариера врз омраза, исклучивост и национализам

Горан Наумовски

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Мицкоски со совет до Ахмети: Да гледаме во иднината, а не во минатото

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонија е изградена од саможртвата на хероите кои ги дадоа своите животи за нашата слобода

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски: Започнуваме еден од клучните инфраструктурни проекти-изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски е огромна