„Што ви беа виновни тие мали рачиња“, е еден од редовите на песната посветена на трагично загинатата Данка Илиќ од Бор. Од внуката преку социјалните мрежи се прости и нејзината баба Татјана Илиќ објавувајќи нејзина фотографија со стихови.
Срѓан Ј.(50) и Дејан Д.(50) се осомничени дека на 26 март со службено возило на ЈКП „Водовод“ со „фиат панда“ удриле девојчето, а потоа ја внеле во автомобил и и го фрлиле телото наводно на депонија. Полицијата, која со денови детално го пребарува теренот и утврдила дека телото на малото девојче го нема.
Еден од осомничените признал дека телото го пренел на друга локација на 28 март, а потрагата по телото се уште трае.