Сити подобар од Кристал Палас, изедначен со Ливерпул на врвот на табелата

Од:

Фудбалерите на Манчестер Сити го совладаа тимот на Кристал Палас со 4:2 во натпреварот од 32. коло на Премиер лигата. Сити ја забележа 21-та победа од почетокот на првенството и се израмни на врвот на табелата со Ливерпул со 70 бодови, а тимот на Пеп Гвардиола има натпревар помалку. Арсенал има два бода помалку.

Кристал Палас е 14-та екипа во лигата со 30 бодови.

Домашните поведоа на денешниот натпревар веќе во третата минута со голот на Жан-Филип Матета, но потоа имаше голем притисок од Сити, кој конечно го материјализира Кевин де Бруин во 13. минута.

До крајот на полувремето имаше шанси на двете страни, но резултатот не се менуваше. Сепак, по само две минути игра Рико Луис му донесе водство на гостинскиот тим, а победата на Сити ја потврдија Ерлинг Халанд во 66. минута и Де Брујн во 70. минута.

Конечниот резултат го постави Одсон Едуард во 86. минута, пренесува Бета.

Фудбалерите на Манчестер Сити во следното коло од Премиер лигата ќе го пречекаат Лутон, додека Кристал Палас ќе му гостува на Ливерпул.

Би можело да ве интересира

Шок во Англија – Борнмаут го победи шампионот Манчестер Сити

А1он

Сити извлече само бод против Њукасл

Играчите на Манчестер Сити планираат штрајк поради новата ЛШ

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Ечевери потпиша за Манчестер Сити

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Њукасл

Горан Наумовски