(ВИДЕО) Стојаноска: Со владата на ВМРО-ДПМНЕ здравството ќе го добие статусот кој долго го очекува

Од:

Денес во организација на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ Гостивар и Комисијата за здравство, го одбележуваме утрешниот Светски ден на здравјето – 7 Април. Заедно со моите колеги знаеме за штетите кои на здравството му ги нанесе актуелната власт. Се потсетивме на ковид пандемијата, на страшниот пожар во Тетово, на профитот на Филипче од набавката на вакцини, на статусот на медицинскиот кадар и на уште многу лоши работи коишто спротивно ветуваа, а не ги реализира, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

– Но, исто така знаеме дека со програмата Платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ за здравството ветува конечно изградба на нов интегриран Клинички центар во кој што веќе нема да постои дуализмот. Понатаму, ќе има плус 500 нови вработувања со кои што ќе се реши работниот статус медицинскиот кадар, а ќе се вработат и нови медицински кадри во дефицитарните области. Ќе има набавка на нови и квалитетни лекови и секако, здравството ќе го добие статусот кој што е долго очекуван. Македонија повторно ќе биде горда. Македонија повторно твоја – изјави Стојаноска.

Би можело да ве интересира

Стојаноска: Неправдата на уставобранителите нека биде една од причините, заради кои треба да се казни актуелната власт

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа веќе да не функционираме како до сега

(ВИДЕО) Стојаноска од Јегуновце: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај

(ВИДЕО) Стојаноска: Граѓаните во среда ќе бидат гласни и ќе гласаат за Гордана Силјановска Давкова

Стојаноска: Предвидуваме рамен данок со што, Македонија ќе стане една од земјите во регионот со најниски даноци

Катерина Ѓуровски