Во селото Спише Подраѓе, во близина на градот Љевоч во словачкиот регион Прешов, рано утринава се случи сообраќајна несреќа во која автобус удри во група луѓе, при што загинаа двајца, а пет беа повредени.
Оперативниот центар на Итната медицинска помош се огласи на социјалната мрежа и соопшти дека бројот на повредени не е конечен.
Портпаролката на регионалната полиција во Прешов, Јана Лигдајова, за словачката новинска агенција изјавила дека од засега непознати причини автобусот излетал од својот правец и покосил група луѓе, меѓу кои имало и деца.