СДСМ: Даштевски од ДИК на партиски документи на ДПМНЕ е потенцијално кривично дело

Од:

Скандалот со лажните анкети од оперативниот план на ДПМНЕ, со вмешаност на државната телевизија, нејзиниот генерален директор, општините под капата на ДПМНЕ, отвора уште една димензија на злоупотреби. Во документите на ДПМНЕ меѓу задолжените лица за неопределени гласачи, обезбедување избирачки список е наведен претседателот на ДИК, Александар Даштевски, велат од СДСМ.

– Претседател на ДИК, според законските прописи не смее да учествува во партиски активности на која било партија. Соработка при предизборни активности на партија од страна на претседателот на ДИК е неспоива во неговата функција и улогата на државната изборна комисија при спроведување на фер и демократски избори.
Ова е потенцијално кривично дело, што се заканува да фрли дамка на почетокот на изборен процес – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски