Полициски началник: Данка не е убиена од удар со автомобил, еден од нив ја задавил

Од:

Шефот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Чмолиќ во гостувањето на телевизијата Информер изнесе нови детали за случајот. Тој раскажа како осомничените мислеле дека Данка е мртва откако ја удриле со автомобил, па ја ставиле во багажникот, но девојчето во еден момент се разбудило.

„Според нивните изјави, тие застанале да уринираат во близина на куќата. Подоцна, кога продолжиле, ја удриле Данка, а потоа ја ставиле во багажникот. Чудните движења на нивното возило биле снимени на ГПС. Нивните приказни не се поклопуваат за давењето на детето, бидејќи детето се разбудило додека возеле и ја задавеле. Не можам да одговорам кој ја задавил бидејќи меѓусебно се обвнуваат, подоцна ја фрлиле во депонија“, рече тој.

„Ден и ноќ се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите од ударот, но не се договориле за вистинското убиство на детето. Данка била во несвест кога ја удрил автомобил и мислеле дека е мртва, па се изненадиле што се разбудила“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка