По објавувањето на веста дека е убиена малата Данка Илиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ го повика српското МВР што поскоро да ги спроведе сите потребни дејствија и да ја информира јавноста.
Да потсетиме, тој на вонредната седница на Владата на Србија рече дека според последните информации од полицијата е убиено двегодишното девојче Данка Илиќ, а две лица кои го признале делото беа уапсени. Како што додаде Вучиќ, тие ја водат полицијата до местото каде што е нејзиното тело.
Тој и се заблагодари на полицијата за деноноќната работа, повикувајќи ги припадниците на МВР да продолжат професионално да ја вршат својата работа.
„Неверојатно е какви чудовишта постојат“, рече на крајот српскиот претседател.