Во Бањско Поле повторно има полиција, пристигнала и форензичка екипа

Од:

Во Бањско Поле повторно има полиција, со тоа што попладнето имаше развој на ситуацијата пред местото каде последен пат беше видена Данка Илиќ.

Деветтиот ден откако девојчето исчезна, полицијата целосно го забрани преминот од средината на улицата што води до местото каде последен пат била Данка, а во меѓувреме пристигнаа уште полициски возила во цивил, што во најмала рака покрена нови сомнежи, известува српски Курир.

Имено, од раните утрински часови инспекторите придружувани од полицијата на местото на настанот донесоа, најверојатно, сведоци, кои, покажуваа на одредени области околу куќата.

Во Бањско Поле владееше затишје, додека полициските возила повторно не заминаа, а сега повторно вршат увид пред кобната викендица, при што фокусот е само на еден дел од дворот.

Пристигнала и форензичката екипа која во оваа прилика најверојатно прибира одредени докази по разговорот со лицата кои денеска беа донесени на местото на настанот.

За потсетување, австриската полиција денеска соопшти дека се верува дека објавеното видео е навистина малата Данка, во секој случај сите го чекаат расплетот на овој настан со надеж дека Данка е некаде жива и здрава.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка