Претседателските кандидати потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Од:

Кандидатите за претседател на државата денеска во Државната изборна комисија го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Стево Пендаровски изрази уверување дека имаме доволно институционална меморија како држава и доволно политичка култура меѓу сите кандидатите да го одржат нивото на дебата и целиот процес да биде фер и демократски.

Гордана Силјановска потпишувањето на кодексот го оцени како церемонијален чин и нормативен и морален илузионизам, но посочи дека лично таа ќе говори со аргументи и програма и ќе ги почитува сите кандидати.

Стевчо Јакимовски рече дека Кодексот ќе го почитува, но нема да го потпише доколку ДИК не гарантираат дека ќе организира дебати, посочувајќи дека одредени кандидати се максимално фаворизирани и средствата за кампања не биле рамноправно поделени.

Бујар Османи рече дека ќе се залага за позитивна кампања, порачувајќи дека повеќе станува политички морал и даден збор пред граѓаните дека ќе пристапат коректно кон овие важни за нашата држава избори.

Билјана Ванковска, нагласи дека Кодексот ќе го потпише, но не верува во ништо од ова, како што рече, празно парче хартија и побара телевизиите да организираат дебати со сите претседателски кандидати.

Арбен Таравари изрази надеж дека овие избори ќе бидат најфер и најдемократски избори досега.

Максим Димитриевски рече дека ќе ги прифати сите јавни настапи со сите претседателски кандидати и посака на овие двојни избори да победи демократијата.

Содржината на Кодексот ја прочита потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која нагласи дека ќе се залагаат сите учесници да ги почитуваат сите закони, нема да користат говор на омраза и за спроведување на успешно фер и демократски на изборите.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент