Почина актерот Мустафа Јашар

Од:

На 77-годишна возраст денеска почина доајенот на Турскиот театар во Скопје Мустафа Јашар.

Како што објави НУ Турски театар – Скопје, Јашар беше чинарот на нашиот театар, нашиот сакан и вреднуван колега.

– Изразуваме длабоко сочувство до семејство и неговите најблиски, објави Турскиот театар на Фејсбук.

Мустафа Јашар е роден на 19 август 1946 година во Куманово. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, а од 1971 година работел како актер во НУ Турскиот театар – Скопје. Учествувал во многу филмски и телевизиски проекти и одиграл повеќе од 100 улоги во Турскиот театар.

– Претставите како „Алиш“ 1974, „Дервиш и смрт“ 1976, „Лудата Емине“ 1984, „Јунус Емре“ 1991, „Хамлет“ 1995, „Азизнаме“ 2005 , „Куќа на граница“ се само неколку од неговите познати изиграни претстави, наведува Турскиот театар.

Тој бил добитник на многу награди, меѓу кои награда за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, награда за најдобар актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ и други.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

61. Драмски аматерски фестивал на Македонија ќе се одржи од 20 до 26 мај во Кочани