Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва

Од:

Русија побара од Украина да ги екстрадира сите поврзани со терористички напади во Русија, вклучително и шефот на тајната служба СБУ, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на Министерството е наведен список на насилни инциденти кои се случиле во Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, вклучително и бомбашки напади во кои загинаа истакнат руски националист и воен блогер и инцидент во кој сериозно беше повреден писател.

Министерството посочи дека истрагите за тие инциденти покажале дека „трагите од тие злосторства водат во Украина“.

„Русија ги достави до украинските власти своите барања за итно апсење и екстрадиција на сите поврзани со предметните терористички напади“, се вели во соопштението.

Меѓу бараните е и шефот на СБУ Васил Маљук, кој призна дека неговата служба стои зад нападот на мостот на Крим.

„Руската страна бара режимот во Киев веднаш да ја прекине секаква поддршка за терористички активности, да ги екстрадира одговорните и да им плати отштета на жртвите“, се вели во соопштението.

„Прекршувањето на Украина на нејзините обврски од конвенциите за борба против тероризмот ќе резултира со тоа што Украина ќе биде повикана на одговорност во меѓународна правна смисла“, се вели во соопштението.

Руското соопштение се однесува и на масакрот овој месец во концертна сала во близина на Москва во кој загинаа 144 лица, но само индиректно. Да потсетиме, одговорноста за тој напад ја презеде терористичката организација Исламска држава, која нема никаква врска со Украина.

СБУ веднаш ги отфрли руските барања како „бесмислени“ и рече дека руското министерство „заборавило“ дека рускиот претседател Владимир Путин е предмет на меѓународна потерница за носење деца од Украина во Русија.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

(ВИДЕО) Лажен аларм во театарот „Бољшој“ во Москва, евакуирани над 2.000 луѓе

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина