Повеќе од 100.000 луѓе ширум Израел им се придружија на семејствата на заложниците овој викенд за да протестираат против владата и да повикаат на смена на Бенјамин Нетанјаху, додека израелскиот премиер се соочи со една од најсериозните закани за неговата коалиција.
After nearly six months of war, hostages’ families join with anti-government rallies.
We will not meet here again,’ says father of abductee at Tel Aviv’s Hostages’ Square rally; tens of thousands at protests across Israel; over a dozen arrested in clashes with police. #Israel https://t.co/zjrTCL8vHj— Admirators (@Site_Admirators) April 1, 2024
Демонстрантите во Тел Авив, Ерусалим, Хаифа, Бер Шева, Цезареја и во други градови побараа ослободување на оние кои сè уште се притворени во Газа и го означија Нетанјаху како „пречка за договорот“.
‼️ BREAKING – Israel: Protesters: We will burn Netanyahu's house
A number of protesters & opponents of Netanyahu went to his house in Jerusalem, after the protest rally and said that they plan to set fire to the Prime Minister's house
Boost 👁️ @ETReport – End Time Report pic.twitter.com/dU3OlYnOLh
— Margie (@Maryzeggenze) April 1, 2024
„Поминаа 176 дена кога не ги затворив очите пред мислите и стравот низ што минуваат Лири и другите киднапирани“, рече Шира Албаг, мајка на еден од заложниците, Лири Албаг.
Раз Бен-Ами, поранешен заложник ослободен пред речиси два месеци, рече: „Заложниците нема да издржат таму, никој не може да го преживее тоа низ што минуваат таму, верувајте ми“.
Нетанјаху влегува во најнеизвесната недела за неговата коалиција од почетокот на војната, бидејќи во понеделникот истече рокот што го постави Врховниот суд на Израел да стави крај на исклучоците за ултраортодоксните мажи од воена служба. Прашањето ја дели коалицијата меѓу десничарските религиозни и секуларните партии, кои сакаат регрутирањето да биде порамномерно распоредено меѓу еврејските Израелци.