Сега ќе ви ја кажам вистинската вистина и се што всушност се случи тој ден. Ретко она што се пишува во медиумите е вистина. Значи, да почнеме по ред. Со овие зборови, ексклузивно за „Блиц“, Стефан Драгомировиќ, братот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка Илиќ (2), ја започнува приказната за кобните минути во кои на 26 март во Бањско поле кај Бор, исчезна малото девојче по кое денес трага цела Србија и дел од Европа.
Вујкото на исчезнатото девојче на репортерот на „Блиц“ му ја покажа последната фотографија од Данка Илиќ, направена на кобниот ден, на која се гледа девојчето заедно со нејзиниот постар брат. На сликата, Данка е оддалечена приближно 30 метри од нејзиниот брат.
– На таа фотографија Данка е оддалечена 30 метри од братот и мајката, во близина на сеното во дворот од куќата. Можеби некој се криел и го чекал вистинскиот момент. Тоа е последната фотографија што се наоѓа во телефонот на сестра ми и е направена во 13.20 часот – вели вујкото на Данка.
Вујкото на Данка тврди дека девојчето еднаш пред тој ден се обидело да „исчезне“ од погледот на мајка си, но нејзината мајка успеала да ја повика назад кај себе.
– Сестра ми Ивана отиде до автомобилот да му донесе вода на постариот син . Девојчето остана во дворот, тоа беше момент од само неколку секунди. Кога се врати, Данка ја немаше – тврди Стефан Драгомировиќ, опишувајќи го моментот на исчезнувањето на девојчето.
Драгомировиќ тврди дека не е точно оти во тој момент, кога неговата сестра ги прошетала децата, во Бањско поле врнело силен дожд.
– Како што се гледа од овие слики (ги дава сликите на увид), надвор беше сончево, дури подоцна врнеше. Па не знам зошто ја обвинуваат сестра ми дека ги изнесува децата надвор на дожд и им е сомнително – вели вујкото на Данка Илиќ додека ги покажува последните фотографии од неговата сестра.
Стефан Драгомировиќ додава дека мајката на Данка, откако нејзината ќерка исчезнала, не алармирала веднаш бидејќи верувала дека Данка е некаде во близина и дека сама ќе се снајде.
– Ја бараше насекаде, но Данка никаде ја немаше… Се исплашила и му се јавила на сопругот Милош, известувајќи го дека не може да ја најде ќерка си. Не знам точно колку беше часот, но набргу потоа повикаа и полиција – вели вујкото на Данка.
Драгомировиќ ги коментираше и наводите кои сугерираат дека е сомнително тоа што мајката ја сликала Данка во работите во кои исчезнала токму тој ден.
– Сестра ми ги сака своите деца, нејзината галерија е полна со слики од нејзините деца. Не гледам дека има нешто чудно – вели Стефан Драгомировиќ.