Вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка, покажало донекаде загрижувачки информации. Имено, како што дознава српскиот портал Пинк, многу пораки и податоци за повици се избришани.
– Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци – рекол соговорникот на „Пинк“.