Јуриќ: Сомнителни се сите околности за исчезнувањето на двегодишната Данка

Од:

Директорот на Центарот за исчезнати и малтретирани деца Игор Јуриќ денеска изјави дека во случајот со исчезнувањето на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор, сомнителни се сите околности кои довеле до ова исчезнување, како и изјавите на блиските роднини на девојчето, кои се контрадикторни, бидејќи во почетокот било тешко да се поверува дека двегодишно девојче може да оди толку далеку што ниту полицијата која многу брзо дошла на местото на настанот не можела да ја пронајде.

„Ова е многу специфичен случај, пред се поради возраста на детето, а со оглед на тоа дека детето е целосно немоќно да направи нешто самостојно, тогаш се се сведува на околината и луѓето околу детето. Не вперувам прст кон никого, туку објективно гледам на фактите кои се актуелни во моментот и кои укажуваат дека сомнежот постои“, рече тој.

Јуриќ вели дека посетата на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ на местото каде исчезна девојчето, како и мотивираноста на луѓето и припадниците на полицијата на терен е показател колку сериозно се работи на случајот.

„Вчера се надевав, гледајќи го тоа што се случува, дека ќе се реши се и дека ќе имаме епилог на целата приказна, но ова е дефинитивно исклучително тежок и сложен случај. За жал, сега не го гледам крајот на целата оваа агонија“, изјави тој.

Според него, времето е суштинско во секое исчезнување и дека како што поминува времето се намалува можноста детето да се врати живо, поради што, додава, потребно е луѓето да се подготват за најлошите вести.

Јуриќ вели дека лично бил оптимист по првиот ден од потрагата кога детето не било пронајдено на теренот каде се мислело дека е изгубено, бидејќи било тешко да се поверува дека двегодишно дете може да го преживее студот и временските услови кои тогаш биле на теренот.

„Сега, со оглед на времето, единствената надеж што ја гледам е дека некој може да се јави со барање за откуп, дека можеби е некаква можност да го видиме ова мало девојче живо. Верувам во чуда. Имам надеж, но стравот кај мене расте и сигурен сум дека кај голем број граѓани“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка