Припадниците на полицијата на БиХ вчера уапсија три лица кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија, а тоа се Башар Туфанкији, Закуан Туфанкијии Мухамед Туфанкији.
Башар Туфанкији, државјанин на БиХ и Сирија, во просториите на полицијата признал дека ширел информација за исчезнување на девојчето од Србија и побарал 25.000 евра.
Сепак, тој подоцна тврдеше дека се работи за шега, но сега се се проверува.
Инаку, информацијата за тоа дека тројца државјани на БиХ, од кои едниот има и државјанство на Сирија, а другиот на Србија, ги испрати Министерството за внатрешни работи на Србија, поради што реагираше и Интерпол.
Уапсените денеска ќе бидат предадени на Обвинителството, а понатаму ќе се одлучува што ќе биде со нив, со оглед дека се работи за акт на Интерпол на друга држава.
Може да одговараат за вознемирување на јавноста, доколку се утврди дека се работи за шега.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, уапсила три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик Ток“ објавиле дека се поврзан со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ.
Припадниците на Службата за борба против високотехнолошкиот криминал ја идентификувале IP адресата на корисникот на сметката од територијата на Босна и Херцеговина кој на Тик Ток изјавил дека девојчето е во неговиот подрум.
Врз основа на тие информации, Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина ги уапсила Б.Т., З.Т. и М.Т., извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дал осомничениот се лажни.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, согласно законот, ќе ги доведе осомничените кај надлежниот обвинител за понатамошна постапка.