Наод на руските истражители: Терористите кои го извршија масакрот во Москва добиле пари од Украина

Од:

Истрагата ги потврди податоците дека сторителите на терористичкиот напад врз „Крокус“ примиле значителни суми пари и криптовалути од Украина, објави Телеграм каналот на Рускиот истражен комитет.

„Првите резултати од истрагата целосно го потврдуваат планираниот карактер на акциите на терористите, внимателната подготовка и финансиската поддршка на организаторите на злосторството. Како резултат на работа со приведени терористи, проучување на техничките уреди одземени од нив и анализа на информации за финансиски трансакции, добиени се докази за нивната поврзаност со украинските екстремисти“, се вели во соопштението.

Како што се посочува, истрагата ги потврдила податоците дека извршителите на терористичкиот напад добиле значителни суми пари и криптовалути од Украина, кои биле искористени за подготовка на злосторството.

Претходно директорот на ФСБ Александар Бортников објави дека првите информации добиени од уапсените во случајот со терористичкиот напад во „Крокус“ ја потврдуваат украинската трага.

Според него, терористичкиот напад бил корисен за западните разузнавачки служби и Украина со цел да се дестабилизира ситуацијата во Русија и да се сее паника во општеството.

Би можело да ве интересира

Русија: Се знае која разузнавачка служба е вмешана во нападот на „Крокус сити хол“

Во Русија е уапсен 12-от осомничен за терористичкиот напад на „Крокус“

Голема потера во Москва по осомничен терорист

ВИДЕО: Ни рекоа дека ќе добиеме по милион рубљи во Киев, сведочи еден од терористите од Москва

Катерина Ѓуровски

Путин: Безбедносните сили ќе ги откријат организаторите на терористичкиот напад на „Сити Хол Крокус“

Терористи од Дагестан го финансирале масакрот во Москва