СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

Од:

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, но и на 40 општини низ државата, ДПМНЕ сега излезе со нови лажни ветувања. Ништо од ветеното во Скопје не е реализирано, се вели во соопштението од СДСМ.

– Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови. Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови. Граѓаните се изневерени, изборните ветувања неостварени. А, промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања. Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, во изолација и безнадежност – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дијаспората не сака Мицкоски да гласа наместо неа

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани

Мицкоски им се извини на пратениците за хаосот во Собранието, СДСМ му прача да и се извини на јавноста

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ