Израел ги отповика своите преговарачи од Доха откако разговорите за привремено примирје во Појасот Газа „западнаа“ во ќорсокак поради барањата на Хамас, изјави денеска за Ројтерс неименуван висок израелски функционер близок до шефот на Мосад.
Официјалниот претставник го обвини лидерот на Хамас во Газа Јахја Синвар за „саботирачка дипломатија“ како дел од, како што рече, пошироките напори да се разгори војна за време на Рамазан.
Израелски официјален претставник изјави дека Израел се согласил да го удвои бројот на Палестинци што ќе ги ослободи од израелските затвори на 700 до 800 во замена за ослободување на заложниците и да дозволи некои раселени Палестинци да се вратат во северниот дел на Појасот Газа.
Израел и Хамас ги зајакнаа разговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за ослободување на 40 од 130-те заложници кои сè уште ги држи палестинската милитантна група во Газа.