Руски истражители беа денеска во Таџикистан и ги испрашуваа семејствата на четворицата мажи обвинети за смртоносниот напад во концертна сала во близина на Москва, изјавија три таџикистански безбедносни извори за Ројтерс.
Изворите, кои не се овластени јавно да коментираат, рекоа дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата во главниот град Душанбе од градовите Вахдат и Гисар и областа Рудаки. Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон лично ја надгледува истрагата од таџикистанска страна, велат изворите.
Рахмон вчера првпат јавно го коментираше нападот и го нарече „срамен и страшен настан“. Рахмон апелираше до Таџикистанците да ги заштитат своите деца од штетни влијанија. Четворица мажи од таџикистанско потекло се приведени под обвинение за тероризам под сомнение дека го извршиле нападот.
Уште тројца, исто така Таџикистанци, беа приведени под сомнение дека учествувале во нападот. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот и објави видео за кое вели дека го покажува масакрот.