Повредено едно лице во сообраќајка кај кавадаречко Дреново

Од:

Повредено е едно лице во сообраќајка што утрово се случи кај кавадаречкото село Дреново. Повредениот е извлечен со помош на пожарникари, а со возило на Брза помош е транспортиран во кавадаречката болница.

– Во моментов се врши утврдување на повреди, потврди за МИА, доктор Ратко Грков, началник на кавадаречката Итна медицинска помош.

Во сообраќајната несреќа возило излетало од патот и се превртело, информацијата ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош, противпожарната служба и СВР Велес.

Екипа на итната медицинска помош Кавадарци беше на лице место, а увид врши и полициска екипа. Од СВР Велес рекоа дека ќе следуваат повеќе детали во текот на денот. Оттаму појаснија дека сообраќајката е на локалниот пат од селото кон регионалниот пат за градот Кавадарци.

– Веднаш по појавата за сообраќајка, заминавме на терен петмина пожарникари со две возила, возило за техничка интервенција и комбе за прва помош, појаснија за МИА од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски