МЗТ Скопје поразен во финалето од Раднички

Од:

Македонскиот кошаркарски шампиони МЗТ беше поразен вечерва во финалето на меѓународниот турнир Охрид Трофеј 2013 од Раднички со 90:88 по продолжението.

Тодор Гечевски беше прв стрелец на мечот со 24 коша, но не успеа да погоди тројка за победа со звукот на сирената. Двоцифрен ефект кај „металците“ забележаа и Кејд Дејвис (13), Дамјан Стојановски (12) и Александар Костоски (10).

Во победничкиот тим за најдобар кошаркар беше прогласен Марко Мариновиќ, кој финалето го заврши со 18 поени.

Третото место го освои Лукоил Академик од Софија, кој во малото финале го совлада Металац од Валево со 79:69.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ