Исламската држава, која презеде одговорност за нападот во Москва, денеска, преку Телеграм, објави фотографија од четворицата напаѓачи кои синоќа убија стотици лица во концертната сала Крокус.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, но Русија тврди дека постои украинска врска, бидејќи напаѓачите биле фатени во близина на границата.
Според изворите на ИД, нападот го извршиле „борци“ кои биле вооружени со митралези, пиштол, ножеви и запаливи бомби, но и дека на вчерашниот напад му претходела т.н. извидничка мисија за извршителите добро да се подготват.