ВИДЕО: Кејт Мидлтон има рак, емотивно обраќање на принцезата од Велс

Од:

Принцезата од Велс вечерва објави дека и е дијагностициран рак на 42-годишна возраст и дека оди на „превентивна“ хемотерапија. Кејт Мидлтон и се обрати на јавноста во емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата „го шокирала целото семејство“ и дека таа и Вилијам „прават се што можат за да ја процесуираат и решат ситуацијата приватно за доброто на семејството“.

Нејзината состојба беше откриена во видео-порака снимена во средата и емитувана во петокот по неколкунеделни шпекулации на социјалните мрежи за нејзината локација и здравје, откако беше хоспитализирана во јануари поради неодредена операција на стомакот.

Кејт побарала „време, простор и приватност“ додека се лекува од неодреден тип на рак.

Како што им реков и ним- добро сум и секој ден станувам се посилна со фокусирање на работи кои ќе ми помогнат да станам подобра; во умот, телото и духот. Да го имам Вилијам покрај мене е исто така одличен извор на удобност и сигурност. Како и љубовта, поддршката и љубезноста што ја покажаа многумина од вас на двајцата ни значи многу“, продолжи Кејт во емотивното видео.

Кејт (42) немаше јавно појавување ниту за Божиќ се додека оваа недела не се појави видео на кое се гледа како таа со нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, заминува од продавница на фарма во близина на нивниот дом во Виндзор.

Оваа вест е уште еден шок за кралското семејство по објавувањето минатиот месец дека кралот Чарлс Трети се лекува од неодреден тип на рак кој бил забележан при операција за бенигна зголемена простата.

Чарлс (75) се повлече од јавните должности додека се лекуваше од рак, иако често се појавуваше на фотографии како присуствуваше на состаноци со владини претставници и достоинственици, па дури беше виден и како оди во црква.

Би можело да ве интересира

Кејт Мидлтон откри дека е во ремисија на ракот

Горан Наумовски

Кејт Мидлтон им се враќа на обврските – го дочека катарскиот емир и неговата сопруга

А1он

Кејт Мидлтон испрати божиќно писмо – „Љубовта е најголемиот подарок“

А1он

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он

Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од студентските денови

А1он