Масовни руски воздушни напади се извршени во неколку области во Украина

Од:

Руските сили изведоа масовни воздушни напади врз неколку области во Украина, а мета беа областите Запорожје, Харков, Лавов и Дњепропетровск, како и Криви Рих, јавуваат украинските медиуми.

Регионалната воена управа на Запорожје соопшти дека во ударите се уништени седум станбени згради, а 35 се оштетени, а има и повредени, пренесува Укринформ.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави дека во тој град одекнале 15 експлозии и дека руските сили ги погодиле објектите на електродистрибутивната мрежа.

„Досега во Харков се потврдени 15 експлозии. Во градот има проблеми со снабдувањето со електрична енергија. Непријателот ги гаѓа објектите на електричната дистрибутивна инфраструктура. На некои места избувнаа пожари“, рече Терехов.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања