Таравари го претстави идниот кабинет – експерти и познавачи на повеќе области

Од:

Кандидатот за претседател на ВЛЕН, Арбен Таравари вчера го промовираше својот тим со кој ќе ја бара довербата од граѓаните на изборите на 24 април.

Во својот кабинет Арбен Таравари има собрано вредни луѓе од сите етникуми, експерти од повеќе области, доктори на науки, одлични познавачи на приликите во државава, кои без сомнение ќе можат да дадат свој придонес за подобрување на животот на граѓаните.

„Моето претседателство ќе се води од европските вредности. Нашиот кабинет ќе го предводат експертите: Калтрина Зеколи-Шаќири – професор од областа на граѓанското право; Танер Хасан, доктор по медицински науки (од турската заедница); Бари Абдули, магистер по право (од ромската заедница), Земри Елези, професор на УЕЈЛ“, изјави Арбен Таравари при презентацијата на својот тим.

Таравари најави дека денеска претставил само неколку имиња, а во иднина овој тим ќе се прошири и со други вредни луѓе.

Би можело да ве интересира

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Таравари: Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено

Таравари: Коалицијата „Вреди“ докажа дека може поинаку да се владее

Горан Наумовски

Прво да видиме во каква состојба се, па ќе донесеме одлука за модуларните болници, вели Таравари

Таравари: Одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана

Новата компресорска станица ќе биде готова за четири месеци, вели Таравари