Левица: До каде е исплатата на ветената финансиска поддршка за учениците?

Од:

Пред четири месеца власта помпезно најави месечна финансиска поддршка за учениците чии семејства имаат примања до 50.000 денари, 1.200 денари месечно за основците, односно 1.800 денара за средношколците. Веќе четири месеца МОН објавува јавен повик за финансиска поддршка, а родителите и учениците прибираат и поднесуваат документи, велат од Левица.

– Меѓутоа, финансиската помош – ја нема. Во најголем број општини и училишта на учениците кои ги исполнуваат условите за да ја добијат оваа финансиска помош и уредно, еднаш во месецот ги поднесуваат бараните документи, исплатени им се средства за еден месец, а во некои училишта- ниту за еден месец. Дека станува збор за предизборен поткуп беше јасно уште од фактот што мерката е привремена: предвидено е да трае само шест месеца, од декември до мај, а сега станува очигледно дека власта на заминување не е способна да ги реализира ниту предизборните ветувања и лаги! Срамно е да се манипулира со најранливите, семејства со мали деца кои живеат на раб од беда, бидејќи пресметаната вредност на потрошувачка кошничка за јануари 2024 година е 57.163 денари, да им се создаваат дополнителни обврски, а да не им се исплаќа ниту денар од ветените средства, па макар биле и предизборен маркетинг – тврдат од партијата

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН