Сообраќајка на три возила кај Групчин: Еден потешко и двајца полесно повредени

Од:

Три лица се повредени во сообраќајка на три возила која вчера се случила на патот Тетово-Скопје, кај селото Групчин, известува МВР.

„На 21.03.2024 во 12.51 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Скопје, кај с.Групчин, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со италијански национални ознаки, управувано од Ш.Р.(38) од с.Бојане, скопско, патничко возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(68) од с.Ларце, тетовско и патничко возило „опел” со тетовски регистарски ознаки управувано од У.Б.(35) од с.Лисец, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „опел”, С.Б.(35) од с.Лисец, а со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „мерцедес”, Ц.Ф.(49), констатирани во Клиничката болница Тетово“, велат од Министерството.

Увид на лице место извршиле полицајци од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски