Песков: Русија е во војна откако Западот интервенираше на страната на Украина

Од:

Откако Западот интервенираше во специјална воена операција на страната на Украина, специјалната воена операција се претвори во војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ние сме во војна. Да, тоа започна како специјална воена операција, но штом таму беше формирана група, кога колективниот Запад стана учесник на страната на Украина, тоа стана војна за нас. Јас сум убеден во тоа и сите треба да го разберат“, рече Песков во интервју за весникот „Аргументи и факти“.

Тој додаде дека сега најважна работа за Русија е безбедноста на луѓето на териториите кои, како што наведе, биле де факто окупирани од Киев, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Русија ќе продолжи да дејствува за воениот потенцијал на Украина да не ја загрозува безбедноста на нејзините граѓани и територија.

Песков, исто така, нагласи дека Русија не може да дозволи постоење на држава на нејзините граници која ја документирала својата „намера да користи какви било методи“ за, како што рече, окупација на Крим и нови региони, наведува руската агенција.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува