Орбан: Можно е за брзо време западните трупи да бидат во Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, гостин во Радио Кошут, не исклучува дека западните трупи ќе бидат во Украина за два-три месеци, бидејќи претходниот развој на конфликтот покажува дека она што е малку веројатно на прв поглед, по некое време станува реалност.

„Најалармантно е што пред два или три месеци беше невозможно да се замисли, два или три месеци подоцна станува секојдневие. Се сеќавам кога Германците рекоа дека не се подготвени да испратат смртоносно оружје во Украина, ние ќе испратиме подобра опрема, шлемови… А сега велат дека Германија треба да пренесе такви ракетни системи во Украина кои можат да таргетираат до Москва или, во најмала рака, далеку во Русија“, рече Орбан одговарајќи на прашањето на домаќинот за можноста за испраќање западни трупи во Украина.

Орбан повтори дека „она што сега е апсурдно и невозможно да се поверува ќе стане реалност за два или три месеци“.

Би можело да ве интересира

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Вашингтон пост: Путин сака да ја контролира Украина

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Зеленски: Унгарија е единствената земја што го блокира членството на Украина во ЕУ

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје