(ВИДЕО) Најголем руски напад врз украински енергетски објекти, мета биле и аеродромите

Од:

Во текот на ноќта Русија изврши нов масивен напад со проектили и беспилотни летала врз украинските инфраструктурни објекти. Мета биле цели во регионите Харков, Виница, Суми, Лавов, Запорожје и Дњепропетровск, а според воени претставници нападите биле извршени со помош на беспилотни летала, Искандери, Кинжалс и ракети Х-101. Украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко изјави дека денешните напади врз критичната инфраструктура се најголеми во последните години врз енергетскиот сектор на Украина.

„Производните капацитети и системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија беа оштетени во различни области. Земјата доживеа прекини во снабдувањето со електрична енергија и интернет“, вели Галушченко.

Тешко е оштетена хидроцентралата Днепар.

Исто така, според воените дописници, погодени се и државната централа Ладижен во областа Виница и државната централа Змијев и ТЕЦП-3 во регионот Харков.

Според неофицијални информации, мета биле и аеродромите на вооружените сили на Украина.

Во четврток, да потсетиме, Русија по долго време изврши напад со балистички ракети врз Киев.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања