РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Од:

По објавата на професорот Дејан Трајковски дека Регулаторната комисија за енергетика ги излажа граѓаните дека со воведувањето на фиксната мрежарина нема да се покачат сметките за електрична енергија, оттаму велат дека се неточни наводите дека мрежарината ги зголемува сметките.

„Неточни се наводите дека мрежарината ги зголемува сметките, напротив тоа е само дерален увид и е дел од процесот на енергетска заедница за транспарентните трошоци каде сите ставки се гледаат во сметката“ одговорија од РКЕ.

Велат дека секогаш се отворени за аргументирана дебата што е во интерес на граѓаните и изразуваат зачуденост дека се форсираат тези кои ќе значат зголемени сметки.

“Потсетуваме дека предлогот за укинувањето на надоместокот значи автоматски поскапување на цената на струјата и тоа во прв блок за 9,5%, а евтината тарифа да се зголеми за 15%. Во исто време тоа значи дека оној кој има еден стан ќе ги алементира трошовите на оние со пет стана”

Би можело да ве интересира

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

A1on

Професор Трајковски: Фиксната мрежарина ги прави сметките поголеми при сите нивоа на потрошувачка

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on