Полицајци на Флорида убиле 15-годишна тинејџерка

Од:

Полицајци на Флорида убиле 15-годишна тинејџерка откако таа наводно украла пиштол и го вперила во нив. Пред тоа девојката се заканувала дека ќе изврши самоубиство.

Полицајците ја следеле девојката во обид да ја „смират ситуацијата“, но таа го вперила пиштолот кон нив.

– Не викаа, не врескаа. Беа многу љубезни, ѝ велеа да размисли за своето семејство и и велеа дека го има целиот живот пред неа, изјави шерифот на округот Монро, Рик Ремзи.

По пукањето се јавиле на 911 и пружиле прва помош до доаѓањето на Брзата помош.

– Овој инцидент е трагедија за сите инволвирани, изјави шерифот Ремзи.

Иако се чини дека заменикот шериф Брајан Кис дејствувал во самоодбрана, побарав од Одделот за спроведување на законот во Флорида да спроведе независна истрага за да се обезбеди транспарентност, истакнува Ремзи.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија