Путин освои над 72 отсто од гласовите во странство

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин освои 72,3 отсто од гласовите на руските претседателски избори во странство, покажуваат податоците на Централната изборна комисија.

Кандидатот на Комунистичката партија на Руската Федерација Николај Харитонов доби 2,22 отсто од гласовите, лидерот на десничарската Либерално-демократска партија (ЛДПР) Леонид Слуцки победи – 1,97, а Владислав Даванков претставник на либерално-центристичката партија „Нови луѓе “ – 16,65 отсто.

Според руското Министерство за надворешни работи, повеќе од 383.000 Руси гласале во странство.

Претседателските избори се одржаа од 15 до 17 март.

Врз основа на 100 отсто преброени гласови на претседателските избори во Русија, Владимир Путин освои 87,28 отсто. На второто место се најде Харитонов со 4,31 отсто од гласовите, а потоа Даванков со 3,85 отсто и Слуцки со 3,20 отсто.

Излезноста на руските претседателски избори во 2024 година беше рекордна во модерната историја на Русија, таа беше 77,44 отсто. Повеќе од осум милиони гласачи ја искористија можноста за далечинско електронско гласање.

Официјалните резултати ЦИК ќе ги сумира на посебен состанок во четврток на 21 март.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски