ИДФ: Околу 90 терористи на Хамас убиени во нападот на болницата Ал Шифа во градот Газа

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека досега убиле околу 90 терористи на Хамас во тековниот напад на болницата Ал Шифа во градот Газа.

ИДФ соопшти дека за време на операцијата израелските сили елиминирале терористи и лоцирале оружје во областа на болницата, притоа спречувајќи повреди на цивили, пациенти и медицински тимови, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ истакнува дека израелските разузнавачки агенти испрашувале повеќе од 300 осомничени терористи во болничкиот комплекс и дека повеќе од 160 од нив биле однесени во Израел на дополнително испрашување.

Израелската војска изврши рација во болницата откако разузнавачките служби покажаа дека оперативците на Хамас, вклучително и команданти, се вратиле во комплексот за да го користат како команден центар за планирање напади врз Израел и израелските трупи во Газа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа