Русија: Американската тајна служба дозволи блокада на влезот во руската амбасада

Од:

Амбасадата на Русија во Соединетите Американски Држави (САД) денеска ќе испрати дипломатска нота до Вашингтон во која ќе протестира против постапките на тајната служба на денот на претседателските избори во Русија вчера, јави државната новинска агенција ТАСС.

Повикувајќи се на рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов, ТАСС денеска јави дека службениците на тајната служба „дозволиле да се блокира влезот во руската амбасада и да се создадат пречки за руските граѓани кои дошле да гласаат“.

Претседателот Владимир Путин извојува рекордна победа на постсоветските избори, консолидирајќи ја својата и онака цврста контрола на власта, пишува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина