ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Од:

Две лица завршија во болница откако беа нападнати од мечка во словачкиот град Липтовски Микулас. Властите соопштија дека 49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, а 72-годишен маж се лекува поради расекотина на главата. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја избркала мечката надвор од градот во шумата. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како мечка трча по патот. Ова е втор ваков напад на територијата на Словачка за само неколку дена, пишува Би-Би-Си.

Во петокот жена (31) од Белорусија почина откако беше нападната од мечка на северот на Словачка. Словачката планинска спасувачка служба соопшти дека телото на жената било извлечено од шума во планините Ниски Татри во петокот навечер. Жена се шетала со маж кога на нив налетала мечка. Според зборовите на мажот, тој и жената избегале во различни правци. Областа има густа шума и стрмни клисури. Не е познато дали жената починала од пад или била убиена од мечка.

Министерството за животна средина соопшти дека заедно со Романија, ЕУ на следниот Совет на министри за животна средина ќе претстави предлог за преквалификација на мечките како заштитен вид, бидејќи нивниот број значи дека тие повеќе не се загрозени и можат селективно да се убиваат.

Сепак, истражувачите велат дека немало експлозија кај проценетата популација на мечки во Словачка. Се вели дека популацијата на мечките останува стабилна на околу 1.275.

Би можело да ве интересира

Словачка ја затвора Канцеларијата за врски во Приштина

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент