Sony Pictures откри дека третиот дел од серијалот Venom со Том Харди во главната улога ќе го носи насловот „Venom: The Last Dance“.
Исто така, беше потврдено дека датумот на издавање е поместен за 25 октомври 2024 година, а претходно се очекуваваше на 8 ноември. Филмот првично требаше да излезе овој јуни, но продукцијата беше ставена во мирување поради штрајкот на SAG-AFTRA.
Костимот, кој беше забележан на сет фотографија споделена од Том Харди претходно овој месец, ги поттикна шпекулациите дека претстојното продолжение најверојатно ќе ја продолжи приказната за Spider-Man: No Way Home.
Сепак, спецификите на заплетот на Venom: The Last Dance сè уште се непознати.